Фалсификувал лажен документ дека поранешната сопруга е психички болна за да го добие детето

од Nikola Popovski
330 прегледи

МВР информира дека стружанец со помош на својата сестра обезбедил лажно лекарско уверение дека неговата поранешна сопруга е психички болна. Според полицијата, тоа го направил со цел да го добие детето по разводот.

-ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е. Ш. (61) од Струшко, А. А. (23) од Струшко и А. М. (28) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело издавање и употреба на невистинито лекарско уверение, стои во полицискиот билтен.

Според извештајот, во текот на 2019, А. А., со цел да го добие детето во бракоразводната парница, решил да обезбеди невистинито лекарско уверение дека неговата поранешна сопруга е психички болна и ја ангажирал А. М., неговата сестра, да му обезбеди лажно лекарско уверение.

-На 3.12.2019 година, без присуство на оштетената, која се наоѓала надвор од државата, извадила уверение, кое му го предала на својот брат да го приложи како доказ во Меѓуопштински центар за социјални работи, кое го примил Е. Ш, додаваат од таму.

Слични содржини