Кичеец од вечерва е во затворот во Струга

од Nikola Popovski
291 прегледи

Бизнисменот Зоран Милески – Кичеец од вечерва е префрлен во Казнено-поправниот дом во Струга.

Гостиварскиот апелационен суд доцна попладнево го укинал 30 дневниот притвор кој му беше определен во рамки на случајот со сообраќајката во која загина 34-годишно лице, по што од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е вратен во струшкиот затвор на доизвршување на казната, објави Телма.

На барање на Обвинителството, Основниот суд во Гостивар му одреди мерка притвор под сомнение дека ја предизвикал сообраќајката престигнувајќи возило на полна линија, во која имаше седум повредени и еден загинат.

Инаку тој се уште ја издржува 3 годишната затворска казна за случајот „Рекет“.

Со решение на Управата за извршување на санкции на осудениот во „Рекет”, Зоран Милевски Кичеец му е одобрен прекин на издржување на казната затвор поради здравствена состојба. До Управата доставил специјалистички извештаи од лекарски прегледи.

Слични содржини