Груби: Хасани и Бесими и вечерва ќе ги најдете на должност, помагајќи им на пациентите без оглед на нивната функција

од Nikola Popovski
329 прегледи

Кога доаѓаш од народот, не постои начин да постапиш поинаку. И Илир и Флорин нема да престанат со нивниот придонес за граѓаните и општеството, вака првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ги коментираше оставките на директорот на Клиничката болница во Тетово и заменик-министерот за здравство.

Според него, тие се со нас и блиску до граѓаните.

-Дури и вечерва ќе ги најдете на должност, помагајќи им на пациентите без оглед на нивната јавна функција, напиша Груби на Фејсбук.

Покрај нив двајца, оставки денес поднесоа и министерот за здравство, Венко Филипче и економскиот директор на тетовската болница, Артан Етеми

Слични содржини