238 сообраќајни прекршоци во Скопје, 43 за брзо возење

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 238 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 93 прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се шест мерки за возење под дејство на алкохол, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 54 за непрописно паркирање.