Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, повика на национално единство во пресрет на денешното одбележување на 20 -годишнината од терористичките напади, нарекувајќи ја најголемата сила на Америка во справувањето со неволјите.
Во видеото од Белата куќа, Бајден оддаде почит на загинатите во нападите и илјадници повредени, како и пожарникари, медицински сестри и многу други кои ги ризикуваа или ги дадоа своите животи за време на спасувачките мисии и долгиот пат до закрепнување.
Тој, исто така, спомена дека мрачните сили на човечката природа – стравот и гневот, незадоволството и насилството против Американцитемуслимани, вистински и верни следбеници на мирната религија – го нарушија, но не го скршија американското единство.
– Според мое мислење, тоа е главната лекција од 11 септември, дека, кога сме најзагрозени, единството е нашата најголема сила во сузбивањето на се што не прави луѓе и во битката за душата на Америка – рече Бајден.
Додаде дека „единството не значи дека треба да веруваме во истото.
– Мора да имаме фундаментална почит и верба едни кон други, и во оваа нација – изјави тој.
Белата куќа објави видео во пресрет на 20 -годишнината од 11 септември, а Бајден ќе ги посети сите три места кои беа нападнати на овој ден во 2001 година. Денеска ќе го посети Њујорк, каде што два авиони го уништија Светскиот трговски центар и убија 2.753 луѓе, потоа Пентагон во Арлингтон, Вирџинија, каде што се урна третиот авион и Пенсилванија, каде што патниците го урнаа четвртиот авион за кој се верува дека се упатил кон Капитол или Белата куќа.
20 years after September 11, 2001, we commemorate the 2,977 lives we lost and honor those who risked and gave their lives. As we saw in the days that followed, unity is our greatest strength. It’s what makes us who we are — and we can’t forget that. pic.twitter.com/WysK8m3LAb
— President Biden (@POTUS) September 10, 2021