Во Србија 5.461 нови случаи на корона, 27 лица починаа

од Nikola Popovski
246 прегледи

Во Србија, во последните 24 часа, потврдени се уште 5.461 случаи на инфекција со коронавирус од 19.843 тестирани лица. Од последиците на Ковид-19, починаа 27 лица.

Според последните податоци на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, 132 лица од 2.711 хоспитализирани се приклучени на респиратор.

Бројот на починати од последиците од короната се зголеми на 7.520.

Вкупниот број на регистрирани случаи на коронавирус вирус од почетокот на епидемијата во Србија е 811.909, а тестирани се 5.225.186 лица.

Стапката на смртност е 0,93 проценти.

Слични содржини