МВР: 133 возачи казнети за брзо возење, 12 возеле пијани

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 133 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, 12 за возење под дејство на алкохол.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, пет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 41 за непрописно паркирање.