СДСМ: На Мицкоски не му кажале какви се процедурите за поставување и разрешување министри

од Nikola Popovski
246 прегледи

Предлогот на Мицкоски е голо политиканство и очаен обид да се напаѓа неосновано, велат од СДСМ, како реакција на прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според нив, Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот.

-Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница. На Мицкоски очигледно не му кажале каква се процедурите за поставување и разрешување министри, па затоа денеска излегува со смешни ултиматуми и предлози кои немаат никаква правна основа, стои во партиското соопштение на владеачката партија.

Претходно Мицкоски изјави дека како партија даваат рок до вторник рано претпладне министерот за здравство и неговиот заменик да ги достават своите оставки до Собранието, како би можело тие да бидат констатирани на почетоко на веќе закажаната нова седница истиот ден.

-Доколку не бидат поднесени овие оставки пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ секако, со понудена соработка на другите пратенички групи, врз основа на член 184 став 1 од Деловникот ќе поднесе до Собранието предлог-одлука за разрешување на министерот за здравство и заменикот на министерот за здравство, изјави денеска на прес Мицкоски.

Слични содржини