Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги коментираше изјавите на црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ, кој во интервју за хрватскиот „Јутарњи лист ги навреди и него и Србија“.
Да потсетиме, Ѓукановиќ изјави дека „Србија би сакала Косово без Албанци и Црна Гора без Црногорци“.
„Тоа е потсвеста, тој зборува за она што отсекогаш го сакал, а тој сакаше Црна Гора без Срби, тоа е суштината. Ниту сакам, ниту е можно да се замисли Косово без Албанци или Црна Гора без оние што се декларираат како Црногорци…Сега дозволете ми да кажам, јас сакам Црна Гора каде што ќе живеат Срби и Црногорци, Бошњаци и Албанци …“, рече Вучиќ и му се обрати на црногорскиот претседател:
„Само не користете трикови и да измислувате Православна црква“.
Вучиќ се осврна и на претстојната посета на Ангела Меркел на Србија и земјите од регионот.
„Огромна чест е што Ангела Меркел доаѓа во Белград и дека останува најдолго, дури и ќе преноќи во Белград. Ќе имаме повеќе состаноци, јас сум секогаш отворен со неа, како што таа е со мене. Никогаш нема да ја заборавиме поддршката што ни ја даде во 2015 година, кога Хрватите воведоа санкции против нас поради мигрантите, што ги поттикна инвестициите во нашата земја“, рече Вучиќ.