Коронавирус во Кина: Затворен град со 2,9 милиони жители поради 19 новозаразни

од Nikola Popovski
198 прегледи

Градската влада на кинескиот град Путјан го суспендираше железничкиот и автобускиот сообраќај и ги затвори кината и баровите со цел да се спречи ширењето на коронавирусот

Путјан има 2,9 милиони жители, а градските власти им наредија при напуштање на градот, секој од нив да има доказ за негативен тест на Ковид-19, пишува АП.

Според Националната здравствена комисија, 19 нови случаи се пријавени во Путјан во последните 24 часа.

Првиот случај во Путјан е регистриран во областа Ксианој, а експертите веруваат дека епидемијата започнала од татко на студент кој пристигнал од Сингапур.

На жителите на Ксианој, кои беа позитивни на тестирање им беше забрането да ја напуштат куќата.