372
Фудбалерот Харви Елиот доживеа страшна повреда во средината на второто полувреме од натпреварот Лидс-Ливерпул.
Младиот, 18-годишен играч од средниот ред на клубот од „Енфилд“ заработи тешка повреда на дуелот во Премиер лигата.
На прв поглед, не изгледаше како премногу остар старт на играчот на Лидс, Страјк, кој му ја украде топката на Елиот, но доживеа незгодно приземјување и ја скрши ногата.
Инаку, моменталниот резултат е 2:0 за Ливерпул. Првиот гол го постигна Мохамед Салах, а вториот Фабињо.