„Зошто Новак е најдобриот тенисер на сите времиња“? Медведев одговора… (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Данил Медведев ги скрши срцата на многу фанови на Новак Ѓоковиќ, бидејќи го совлада во финалето на УС Опен со 6: 4, 6: 4, 6: 4 и го спречи да стигне до 21. гренд слем титула, но и „календарски слем“.

Сепак, Медведев ги воодушеви сите фанови на Новак по натпреварот со трогателен говор, кога се сврте кон него и рече дека за него,тој е најголемиот тенисер на сите времиња.

Еден новинар побара по натпреварот да ја разјасни својата позиција и зошто го кажал тоа.

Медведев истакна дека разбира дека некој може да го разбере неговиот став како непочитување кон некои други момци, алудирајќи на Роџер Федерер и Рафаел Надал.

– Да, веројатно нема да го сторам тоа повторно. Но, она што го кажав е искрено. Мислам дека тоа може да се сфати на некој начин како непочитување кон некои други момци, сите знаеме кои. Новак беше зад мене, да имаше друг играч позади мене и да го победев во финалето, немаше да го кажам тоа што го кажав. Тоа е она што го мислам и тоа е се што ќе кажам – рече Медведев, кој ја повтори својата позиција за тоа кој е најголем за него на сите времиња.