Тренерот на Барселона, Роналд Куман, во интервју, објавено минатиот викенд на холандска телевизија, рече дека благодарение на него, клубот има иднина.
Тој зборуваше за младите играчи на Барса.
„Не е само Педри. Има уште четири или пет играчи на возраст меѓу 18 и 19 години кои ќе бидат фантастични играчи за овој клуб за три или четири години“, изјави Куман.
Во интервјуто, тој зборуваше и за односите со претседателот на клубот Жоан Лапорта и се чини дека холандскиот тренер не е задоволен од неговото однесување, особено од медиумските настапи во кои Лапорта зборува за продолжување на договорот доколку Куман исполни одредени услови во врска со напредокот на клубот.
Куман, исто така, рече дека ќе бидат потребни две години за Барселона да може повторно да се натпреварува финансиски со клубови како Манчестер Сити и Челси.