Дани Олмо, кој игра за германски Лајпциг, го привлекува вниманието на се повеќе европски великани. Откако за него интерес покажаа Барселона, Јувентус и Баерн, сега се приклучи и Манчестер Јунајтед, објавија британските медиуми.
Барселона преговараше за доаѓањето на Олмо на крајот од летниот преоден рок, но Лајпциг на крајот се откажа од трансферот бидејќи немаше доволно време да донесе соодветна замена, кој забележа одлични игри на годинешното ЕП.
Барселона не се откажа од доведување на Шпанецот, ниту во јануари, ниту по завршувањето на сезоната во летниот преоден рок.
Манчестер Јунајтед, од друга страна, верува дека Олмо добро ќе се вклопи во нивниот брз напаѓачки стил на фудбал и дека може добро да соработува со Џејдон Санчо, Маркус Рашфорд, Ентони Марсијал и Мејсон Гринвуд.
Во јануари 2020 година, Олмо премина од Динамо во Лајпциг во трансфер вреден 22 милиони евра.