МПЦ-ОА до верниците: На пописот да се изјасните како православни христијани

од Берта Китинска
218 прегледи

Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) ги повикува сите православни христијани, при пописот на населението, да ја искористат можноста, во делот за религиозна припадност, да се изјаснат како православни христијани, бидејќи таа опција постои во методологијата за попишување, а попишувачите се обврзани таквата определба да ја заведат при пописот, пренесува МИА.

„Православен христијанин – е јасна и недвосмислена идентитеска определба на сите кои ѝ припаѓаат на Светата Православна Црква. Истовремено ваквото изјаснување на македонските граѓани е и остварување на основните верски слободи и права во македонското општество“, велат од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА.

Слични содржини