Во текот на вчерашниот ден дијагностицирани се нови 50 ученици позитивни на ковид, односно 0,02 проценти, рече денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска.
Министерката посочи дека обврската е континуирано да се почитуваат протоколите, за училиштата да останат безбедни и да продолжат со физичко присуство.
-Сите ние сме сведоци на континуирана трансмисија во целиот конктекст во кој што ние живееме во општетсвото. Училиштата не се надвор од нашето општество ниту надвор од нашите локални заедници. Наша обврска е да да ги почитуваме протоколите доследно и да правиме се училиштата да останат безбедни и да продолжат со физичко присуство, рече Царовска денеска при посетата на централното основно училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров.