На денешната владина седница е донесена одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20 септември наместо до 14 како што беше планирано со претходната одлука.
Министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска објави дека вчера се дијагностицирани нови 50 ученици позитивни на коронавирусот.
-Училиштата не се надвор од нашето општество ниту надвор од нашите локални заедници. Наша обврска е да да ги почитуваме протоколите доследно и да правиме се училиштата да останат безбедни и да продолжат со физичко присуство, рече Царовска.
Таа додаде протоколите се поставени од Комисијата за заразни болести и заедно со нив се утврдени сите елементи кои според планот за работа треба да бидат исполнети.
-Токму затоа укажувам дека Министерството ниту одлучува за тестови, ниту за протоколите. Здравствените власти ја водат пандемијата и успешно се справуваат и затоа продолжуваме да ги следиме инструкциите на Комисијата, изјави Царовска.