Еден статистички податок најдобро кажува што е Барселона без Меси

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Фудбалерите на Барселона беа поразени во првото коло од Лигата на шампионите од Баерн со 3:0 среде „Камп Ноу“, а статистиката по натпреварот покажува колку Барса навистина била очајна.

За првпат во својата историја, каталонскиот тим го заврши натпреварот од Лигата на шампионите без удар кон голот, што звучи навистина неверојатно кога станува збор за Барса.

Јасно е дека нивниот напад е послаб без Меси и Гризман, но да не се испрати удар кон голот за една Барселона, каков и да е составот, е катастрофа.

Покрај тоа, тие синоќа прекинаа низа долга 24 години без пораз на почетокот на ЛШ. Уште во 1997 година беа поразени од тимот на Њукасл со 3:2.

Слични содржини