Денеска во зградата на Владата ќе се одржи првата заедничка седница во полн состав на Владите на Република Северна Македонија и Република Косово.
-Владата денеска ги утврди и пакетот договори и меморандуми за соработка со Република Косово, кои што се предвидени да бидат потпишани на заедничката седница на двете влади којашто ќе се одржи во Скопје на 16 септември, соопштија од владината прес-служба после одржаната седница.
Пред почетокот на заедничката седница ќе има церемонија за официјален пречек, и тет-а-тет средба на премиерите Заев и Курти, како и билатерални средби на министрите во Владите на двете земји.
Договорите, како што посочи на вчерашната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа, се од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетиката, економијата, туризмот безбедноста, иноваци и технолошки развој и други области.
Седницата ќе ја предводат двајцата премиери, Зоран Заев и Албин Курти.