278
Задоволна сум од одлуката на Владата за вклучување на странски експерти во истрагата, вели претседателката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“.
Според тоа, тоа е покредибилно и ќе предизвика поголема доверба на граѓаните.
-Очигледна е нивната недоверба во домашните институции. Сметам дека една таква истрага може да им предизвика на граѓаните некакво чувство на правна сигурност. Важно е да се знае вистината, додава Пировска.