Односите меѓу нашите две земји ги унапредуваме постојано, а за таа цел денеска одржуваме и заедничка меѓувладина седница, објави премиерот Зоран Заев откако пред зградата на Владата го го пречека неговиот колега и премиер на Република Косово, Албин Курти.
Претседателите на владите на двете земји потоа се повлекоа на тет-а-тет средба во кабинетот на премиерот Зоран Заев, а министрите до почетокот на заедничката седница одржаа повеќе билатерални средби.
На заедничката седница што ќе следува потоа, меѓу другото, ќе бидат потпишани договори и меморандуми за инфраструктурното поврзување на двете земји за олеснување и унапредување на економската соработка и комуникација, како и други меморандуми и програми кои опфаќаат соработка на меѓугранични проекти со поддршка на ИПА програмите на ЕУ, соработка на полето на енергетиката, како и на планот на туризмот, културата и унапредување на заедничките иницијативи во иновациите и технолошкиот развој.
Работниот дел од посетата на Владата на Република Косово ќе заврши со заедничка прес-конференција на премиерит.