Романија ја стави С. Македонија на црвена листа за ковид-безбедни земји

од Nikola Popovski
224 прегледи

Романскиот национален комитет за итни случаи (ЦНСУ) ја прошири својата листа на земји со висок ризик според стапката на коронавирус, а на таа црвена листа се наоѓа и Македонија.

Црна Гора, Словенија, Албанија, Србија, Турција, Лихтенштајн, Бахамите, Барбадос, Куба, Велика Британија, Грција, Кипар и многу други земји се во црвената зона, што се одредува врз основа на бројот на заразени на илјада жители На

Жолтата листа ги вклучува Бугарија, Франција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Русија, Германија, Исланд, Ерменија и Белорусија.

Како што се наведува, Италија, Шведска, Финска, Словачка, Украина, Чешка, Унгарија, Полска и Ватикан се на зелената листа.

Слични содржини