193
Бројот на слободни кревети во Скопје е константен и имаме 30-тина во трите ангажирани клиники, изјави денеска на прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче.
Според него, во некои градови има тренд на опоѓање на бројот на пациенти во клиниките.
-Ист е бројот на новозаразени, неколку дена е околу 500-600 и тешко е сега да се каже дали ќе имаме пад за понатаму или ќе дојде до нов бран на корона. Затоа сега се прави анализа за да видиме дали ќе предложиме нови мерки. Во однос на вакцинацијата, таа добро се спроведува, но има намалување во интересот, на околу 2000 дневно. Вкупно се вакцинирани 37% од населението, информира Филипче.