Има различни сценарија во различни земји, а ние исто така сме размислувале за задолжителна вакцинација, вели министерот за здравство, Венко Филипче по најавите дека сите вработени во државната администрација во Словенија кои немаат имунитет на корона, стекнат со вакцинација или прележување, ќе мора да се вакцинираат против ковид-19.
Според него, секогаш кога ќе сакаат да применат некои нови мерки, вакцинацијата е голема, а после тоа спласнува интересот.
-Во однос на задолжителната вакцинација, рано е. Сепак многу земји не ја исклучуваат таквата можно, па размислуваме и ние да ја имплементираме, иако сегашните мерки покажуваат резултати. Нема притисок во болниците каде вакцинацијата е голема. Граѓаните да ја сфатат важноста на процесот на вакцинација, додава министерот.