Во последните два дена се вакцинирале 22.581 граѓани

од Nikola Popovski
225 прегледи

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информира Министерството за здравство.

Според нивните бројки, на вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со средата и во текот на вчерашниот ден, вакцинирани се вкупно 767.652 граѓани.

-Прва доза вакцина во средата и во текот на вчерашниот ден примиле 3.407 граѓани, а вкупно се вакцинирале 22.581 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.435.392 дози вакцини, а ревакцинирани се 667.739 граѓани.

Со последните бројки 55 проценти од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, стои во соопштението.

Слични содржини