Од јануари матичните лекари ќе закажуваат специјалистички прегледи

од Nikola Popovski
269 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција призна дека има поплаки од граѓаните во однос на тоа дека не можат да закажат преглед кај специјалист, но најави дека системот ќе претрпи промена.

-Во јануари или февруари идната година во целост ќе се смени системот, па матичните лекари ќе можат да закажуваат прегледи за кои досега ингеренции имаа специјалистите, најави Филипче.

Тој кажа дека разговарале со директорот на радиологија каде што притисокот е најголем, но и  со дел од УО на Лекарската комора каде членуваат матичните лекари.

-Начелно договоривме менување на моделот – не само специјалистите, туку и матичните лекари да закажуваат пегледи кои сега не можат да ги закажуваат. Целосно следната година ќе се смени сликата. Можеме и сега да интервенираме, но нема да биде трајно решение. Во јануари или февруари кога сите апарати ќе бидат инсталирани, тогаш моделот целосно ќе се воспостави, информира Филипче.

Слични содржини