Стив Брус има тешка задача да ги држи работите под контрола во соблекувалната на Њукасл.
По поразот од Манчестер Јунајтед, по кој „страчките“ се на 19. место во Премиер лигата, се чини дека сите се полни со незадоволство.
Ден по поразот, Брус, при анализата на грешките во претходниот натпревар, наиде на серија осуди од играчи кои не сметаа дека е правилно да ги именува.
Некои од нив беа на страната на Брус, а потоа имало жестоки вербални судири за време на тренингот меѓу помошниот тренер Греам Џонс и напаѓачот Двајт Гејл.
Капитенот Џамал Ласкалс морал да ги раздели.
Сопственикот Мајк Ешли има неблагодарна задача да го зачува мирот во клубот, но се чини дека ќе биде тешко бидејќи и самиот менаџер Стив Брус е незадоволен, бидејќи не му ги донесоа посакуваните засилувања во преодниот рок.
Њукасл ќе игра дома со Лидс од 21 часот, а лошиот резултат може да биде опасен за Брус и неговите соработници.