Андов: Кучан побара претседателството веќе да не го има врз СФРЈ туку да се пренесе кај републиките

од Берта Китинска
238 прегледи

Нашата историја на независна држава од 91-ва, почна со првата седница на Собранието со која претседаваше најстариот пратеник Никола Стојановски.Седницата заврши со мој избор на претседател на Собранието. Таа вечер стигна материјал од претседателсвото на СФРЈ и добив покана да ја преставувам новата власт во Македонија. И другиот ден одржавме седница посветена на тоа барање, рече денеска на трибината „Патот до независноста“ , првиот претседател на првиот македонски Парламент Стојан Андов

Тој се во својот говор раскажа дека тогаш Милан Кучан побарал претседателството веќе да не го има врз СФРЈ туку да се пренесе кај републиките.За оваа барање сите се согласиле, но тогаш избил спор меѓу Туѓман и Милошевиќ. Андов потсети дека на 25 јануари била донесена Декларацијата за сувереност на Македонија и е првиот акт за прогласување независност на Македонија.

– Претходно, на 17 јануари, Глигоров беше избран за претседател со 116 гласови. Потоа го ставив за дискусија на дневен ред предлогот за декларацијата за сувереност, која потоа ја донесовме на 25 јануари, и таа декларација за сувереност тогашниот премиер на Југославија Анте Марковиќ ја прогласи како антиуставна пред правосудството на Југославија, при што развлече еден спор, но таа декларација си живееше бидејќи уставните судии не успеаја да се состанат, раскажа Андов.

И целата постапка на независност на Македонија, се надоврза Андов, ја поставивме врз таа декларација – декларацијата за сувереност. Тоа се покажа во 1991 година во декември кога кај мене дојде претседателот Глигоров и ми кажа дека има потешкотии кај комисијата на Бадентер бидејќи не сака да ја поддржи Македонија да биде независна, затоа што додавката во Уставот зборува дека таа се изјаснува за учество во некоја целина на некоја југословенска држава. Го исправивме тоа и дури тогаш ја прифати Глигоров оваа декларација за сувереност и така таа 91-година ја завршивме со успех, рече Андов.

Слични содржини