Англиски гигант банкротираше – им се заканува одземање на 12 поени

од Vladimir Zorba
261 прегледи

Фудбалскиот клуб Дерби Каунти поднел барање за стечај.

Според клубот, тие немале друг избор поради различни фактори, вклучувајќи промена во сопственичката структура и пандемија што влијае на приходите на клубот.

Дерби е под трансфер ембарго, и сега тие би можеле да се соочат со нови проблеми.

Ним им се заканува одземање од 12 поени.

„Англиската фудбалска лига може да потврди дека клубот е под истрага. Како резултат на тоа, на клубот му се заканува губење на 12 бода“, се наведува.

Дерби ќе може да се жали, но прашање е дали тоа ќе има ефект.

Слични содржини