Законот за облигационите односи нема моќ да ги сопре постапките за извршување бидејќи таму суверено си „владее“ Законот за извршување. објаснува во интервју за „Локално“ даночниот експерт Славко Лазовски.
Новото решение – каматата да не го надмине долгот, според него ќе ја забави постапката за извршување но ќе наметне нова пресметка на каматата.
„Извршителот ќе ги пресмета своите надоместоци, што ги наплатува, што не се мали, а доверителот ќе добие намален износ, односно, ќе добие, долгот + камата (во висина на долгот) = двоен износ на долгот. Малите износи, што ќе ги наплатат извршителите и намалениот износ што ќе го добијат доверителите, остануваат во џебот на граѓанинот. Можеби ова е најголемата придобивка од ова решение“.
Отписот на камати до висина на долгот ќе креира нерамноправност меѓу граѓаните но исто така и меѓу доверителите, дециден е Лазовски.
„Во нерамноправна положба се само оние должници кои ја измириле камата која им била пресметанаа во значително поголеми износи од висината на долгот а ќе ги погоди оние доверители кои досега не успеале да ги намират своите побарувања”.
Според Лазовски новото решение не е креирано за ,,државните компании и јавните претпријатија“, туку за сите учесници во облигационите односи.
„Ако отписот на каматите, сфатено како каматата не поголема од долгот, се применува во сите облигациони односи тоа значи, ќе се однесува како за државните органи и јавните претпријатија, така и за приватните компании. Сите се учесници во правниот промет и сите се ем должници, ем доверители, и не се знае што носи времето, денешните доверители, утре можат да станат должници и обратно“, објаснува Лазовски потенцирајќи дека од новите законски решенија сепак најмногу ќе добијат граѓаните.
Во очекување да биде изгласан предлог законот за отпис на камати без одговор се многу дилеми кои ова законско решение ги предизвика во јавноста.Според очекувањата на Владата ова решение од долгови ќе спаси околу 150 000 граѓани но само од камати но главницата ќе остане на нивниот грб.
-Учесниците во правниот промет имаат и остваруваат одреден степен на ,,автономија на волјата“. Тој домен на слободно уредување на облигациониот однос се движеи во границите утврдени со уставот, законите и добрите обичаи. Најсилен репрезент на ,,автономијата на волјата“ е стапувањето во облигациониот однос по сопствена волја. И тука, таа волја е под силен притисок на неопходноста од трошењето на одредени добра и услуги. Тука се мисли на потребата од ,,комуналните услуги“: струја, вода, греење, ладење, коминикациски услуги и др. Дел од договорните односи меѓу договорниете страни треба да биде уредено со управните договори, кои се уредени со Законот за општата управна постапка, сега засега се уште во, за жал, во ,,пелени“. Таму, а не во Законот за облигационите односи, треба да биде уредено кој подметнува грб, кога грбот на граѓанинот- должник е преслаб. Кој – потесната или пошироката заедница, на кој начин и во која мера, треба таму да се уреди.
Отписот на каматата е многу посложено прашање од ова – каматата да не го надмине долгот. Очекувањата се големи, построго оценето и преголеми, но да се надеваме дека наскоро ќе се изнајдат добри решенија. Временската дистанца од најавувањето, треба да се сфати како оправдана претпазливост.
Плаќањето на „главницата“ е должност на исполнување на обврската. Секој учесник во облигациониот однос е должен да ја изврши својата обврска. Камата, сега до висина на ,,главницата“ е цената на одговорноста во неисполнувањето на обврската, само што сега, таа цена е на прифатливо ниво.
Кои се главните негативни импликации кои може да ги донесе ова законско решение?
-Најнапред, да се потсетиме, дека ова решение – каматата да не го надминува долгот, сме го практикувале се до оној момент кога инфлацијата достигнала застрашувачки висини и токму затоа ова решение е врзано за успешноста на монетарната и фискалната политика во контролирањето на инфлацијата. Од друга страна, ова решение е присутно во доминантен број на европски земји. Со други зборови, ова е враќање во нормалноста.
Секако дека ќе се појават одредени потешкотии во практичната примена, но, негативни импликации за никого нема да има, токму од погоре истакнатото, бидејќи ова е вистинското, потврденото решение. Можеби, ќе има одредени разочарувања поради преголемите очекувањата, но ова е добар почеток во разрешуавањето на должничките маки на голем број наши сограѓани.
Дали може да се очекуваат ефекти на долг рок особено затоа што е замислено како еднократна помош за граѓаните кои поради пандемијата останале без работа или имале ниска плата?
-Ова е долгорочно решение, а не половично и краткотрајно решение. Не го гледам како ,,еднократна помош“ и нема некоја силна поврзаност со пандемијата. Невработеноста и ниските плати се решааваат со сосема други мерки, но е некое мало олеснување на оние што останале без работа и остваруваат ниски плати.
Како ќе се одрази отписот на долговите од камати врз државните компании и јавни претпријатија кои на ваков начин ќе креираат загуби и нерентабилност .Од каде ќе го надополнат кусокот? И Дали отписот на каматите може да предизвика приватизација на компаниите?
–Ова решение не е креирано за ,,државните компание и јавните претпријатија“, туку се однесува за сите учесници во облигационите односи. Во член 2 од законот за облигационите однсоси стои: ,,Учесници во облигационите односи се правни и физички лица.“
И јавните претпријатија, многу често и во голема мера, се должници, според тоа и на нив нивните доверители нема да им засметуваат камата поголема од долгот.
Нивните загуби и нивната нерентабилност, се резулатат на многубројните грешки, а и злоупотреби, во јавните политики и слабата регулатива. Само еден толку очигледен пропуст во Законот за јавните претпријатија – нема клаузула за засилен надзор. Кога овој пропуст ќе се спои со исто таква клаузула за општините, а која не функционира, е тогаш настануваат огромни пробли во работењето на јавните претпријатија. Да потсетам, дека во Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа има ваква клазула – прогласување на финансиска нестабилност на општината, но само како мртво слово на хартија. Само да додадам дека постапките за стечај и ливидација на јавните претпријатија не спаѓаат во клаузулата- засилен надзор.
Некогаш, во нашето блиско минато, кога камата неколкукратното го надминуваше долгот, беше применуван начин на приватизација на одредени претпрјатија. Ова, некогашно лошо искуство само, ја потврдува оправданоста на донесенот решение – камата да не го надминува долгот.
Што велат проценките, колкави се долговите на граѓаните кои со задоцнетото плажање акумулирале дополнителен долг врз основа на каматите кој во некои случаи е двојно па и тројно поголем од основниот долг?
–Во отсуство на посебно некое истражување, ги користиме податоците на НБРСМ, кои се јавно достапни.
Отписот на камати на долговите ќе се однесува само кон државните органи и јавните претпријатија, но не и на приватните компании.Очекувате ли дека тие ќе им излезат во пресрет на граѓаните и да им ги отпишат долговите? Што тоа ќе значи за фирмите?
-Ако отписот на каматите, сфатено како каматата не поголема од долгот, ќе се применува со сите облигациони односи. Тоа значи, ќе се однесува како за државните органи и јавните претпријатија, така и за приватните компании. Сите се учесници во правниот промет и сите се ем должници, ем доверители, и не се знае што носи времето, денешните доверители, утре можат да станат должници и обратно.
Ова е законска норма и таа не познава ,,излегување во пресрет“. Во секој случај, граѓаните најмногу ќе добијата, затоа што тие се најчесто должници и се најмногу бројни во таа категорија.
Законот предвидува и запирање на постапката поведена пред извршител за должните граѓани и стопирање на плаќањето на рати по извршно решени.Што ќе значи ова во пракса за извршителите, за граѓаните?
–Законот за облигационите односи ја ,,нема“ таа моќ да ги сопре постапките за извршување. Таму суверено си „владее“ Законот за извршување. Ова ново решение – каматата да не го надмине долгот, наметнува нова пресметка на каматата. Ќе ја забави постапката за извршување, граѓанинот ќе ,,здивне“ малку и ќе плати камата само до висината на долгот. Извршителот ќе ги пресмета своите надоместоци, што ги наплатува, што не се мали, а доверителот ќе добие намален износ, односно, ќе добие долгот + камата (во висина на долгот) = двоен износ на долгот. Малите износи, што ќе ги наплатат извршителите и намалениот износ што ќе го добијат доверителите, остануваат во џебот на граѓанинот. Можеби ова е најголемата придобивка од ова решение.
Дали законот за отпис на камати ќе се одрази на буџетот?
-Да, само позитивно. Државниот буџет, буџетите на фондовите, како и буџетите на ЕЛС, измирувават долгови, најчесто, по судски решенија, за своите законски поврзани субјекти.
Синдикатите ја поздравија одлуката на Владата но предлагаат да се ограничи каматата на ниво на висина на долгот.Но од друга страна колку овој владин предлог креира нерамноправност меѓу граѓаните?
–Да, креира нерамноправност меѓу граѓаните, но, најмногу меѓу граѓаните – должници, кои се секако помал дел од вкупното население. И уште помалку, во нерамноправна положба се само оние должници кои ја измириле камата која им била пресметанаа во значително поголеми износи од висината на долгот.
И на страната на доверителите ќе создаде одредена нерамнопаравност, односно ќе ги погоди оние доверители кои досега не успеале да ги намират своите побарувања.
Сепак, едно вакво крупно решение, не може , а да не ги погоди различно, големиот број субјкети кои ќе го применат или против кои ќе се примени ова решение.
К.В.С.