Фотографиите од протестот, на кои јасно се гледа присуството на членови на високата партиска структура на Алијансата за Албанците, се јасен доказ дека изразеното насилство и оцрнување на жените Албанки на вчерашните протести носи печат на Села, Таравари и потпретседателката на огранокот Нука Бајрами,пишува во партиското соопштение на ДУИ. Според Интегративците и одговорното лице на Алијансата за медиумите, Арбен Зеќири, преку социјалните мрежи повикувал на учество во протестите.
Демократската Унија за Интеграција смета дека наместо осуда и дистанцирање од насилство и навредливи пароли, Алијансата за Албанците докажала дека го поддржува нискиот гест на навреда кон општествената положба на жените и го поддржува насилството на демонстрантите со криминално досие, пишува во партиското соопштение на интегративците.
Во соопштението Демократската Унија за Интеграција уште еднаш изразува искрено сочувство до семејствата и ги повикува сите политички партии да не ја злоупотребуваат болката на семејствата на жртвите за површни предизборни политички придобивки.