142
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска апелираше до пратениците да ги изгласаат законските измени кои предвидуваат дека недела е неработен ден со цел истите да стапат на сила од 1 октомври.
„Јас апелирам до пратениците затоа што работниците претставуваат нашиот најголем човечки капитал, да се грижиме за да им овозможиме да воспоставиме баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот. Верувам дека заеднички ова законско решение ќе биде изгласано и ќе може да стапи на сила од 1 октомври како што е замислено“, изјави Шахпаска.