Јавното обвинителство во Прилеп отвори предистрага за непознато лице кое викендот со хебла ја обило електричната табла на модуларната болница.
Во текот на денот ќе се пуштела и наредба до полицијата за да им ги предаде сите собрани докази во насока на расветлување на случајот. Од прилепското обвинителство велат дека реагираат по допрен глас, односно по пишувањето на медиумите.
– Обезбедувањето на болницата забележало дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција. Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата, соопштија од Министерство за здравство и додаваат дека во модуларната болница има хоспитализирано 17 пациенти.
– Вандализмот не довел да се загрози животот на пациентите. Министерството за здравство апелира до надлежните институции за што побрзо расчистување на случајот, информираат од Министерство за здравство.