Дури седум торнада ја погодија северна Италија во неделата, 19 -ти септември. Невремето ја опустоши погодената област, а според првите информации нема жртви. Дури и неколку области низ големата рамнина во северна Италија – позната и како долината по реката По, се погодени од торнада.
Невремето урнало дрвја и столбови за јавно осветлување, а најтешка била ситуацијата во провинцијата Ломбардија, бидејќи оваа област била погодена од дури шест торнада. Уништени се и бројни автомобили, а медиумите пренесуваат дека ова е најголем број торнада во последните неколку години.
Метеоролозите во Италија велат дека такво невреме не е типично за втората половина на септември. Тие додаваат дека ништо не укажувало дека ситуацијата ќе биде толку сериозна.

DAPRESS / SplashNews.com / Splash / Profimedia
На некои места имало обилни врнежи, па дошло и до поплави во близина на Милано и Торино.
Фото: DAPRESS / SplashNews.com / Splash / Profimedia