Профил на најтешко погодените пациенти со корона: Млади, машки, невакцинирани

од Nikola Popovski
287 прегледи

Млади, невакцинирани, мажи, на возраст меѓу 20 и 30 години – ова се пациентите кои сега најчесто и најтешко се погодени од коронавирусот. Ова го потврдува директорката на ковид-болницата во Батајница, Белград, Татјана Аџиќ Вукичевиќ, за српските медиуми.

Според директорката на болницата во Батајница, се почесто се хоспитализирани и постари лица со други хронични болести.

Во нејзината болница има место за околу 900 пациенти, а во моментов се пополнети околу 800 кревети. 100 пациенти се на интензивна нега, односно тоа се најтешко погодените пациенти на кои им е потребна кислородна поддршка.

Слични содржини