Без оглед на сезоната, кожата треба да се негува и заштитува – во лето од премногу сонце со заштитни фактори, а во зима од ниски температури и сушење со хидрантни креми или млеко.
Дерматолозите советуваат лосион за тело или млеко да се нанесуваат еднаш дневно, а откриле и кога точно тоа треба да се направи. Како најголема, но и најчеста грешка што луѓето ја прават кога станува збор за кожата, дерматолозите наведуваат нанесување навлажнувачки крем во погрешно време.
Многумина излегуваат под туш, се бришат со пешкир, ги облекуваат пижамите или наметка и го оставаат „мачкањето“ за подоцна, честопати во моментот пред спиење.
Дерматолозите велат дека ова е сосема погрешно и додаваат дека кожата навистина не се грижи на овој начин.
Според Американската академија за дерматологија, вишокот вода треба да го соберете веднаш по туширање, а потоа веднаш да нанесете крем или млеко, во рок од три минути по излегувањето од кадата. Кожата во тоа време е се уште малку влажна, а кремот или млекото ќе и овозможат бариера што ќе спречи губење на влага, но и создавање бактерии и вируси.