Во Роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на избори на членови на советите на општините и советот на Град Скопjе и за градоначлании на општините и градоначалник на градот Скопје, пишува дека остануваат уште неколку рокови кои Државната изборна комисија треба да ги спрoведе пред почетокот на изборната кампања за локалните избори.
До 24 септември, Избирачкиот список со сите извршени промени кои произлегле од јавниот увид, отпечатен во вид на изводи, Државната изборна комисија терба да го заклучи.
Државната изборна комисија утврдените единствени листи на кандидат/и треа да ги објави на својата интернет страна најдоцна 23 дена пред денот определен за одржување на изборите најдоцна на 23 септември.
Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот
на изборите.
„Изборна кампања за прв круг на гласање започнува на 27 септември во 00:00 часот и трае до 24:00 часот на 15 октомври“.
„Изборна кампања за вториот круг на гласање трае до 24:00 часот на 29 октомври“.
Во меѓувреме течаат и роковите според кои Јавните фондови , јавните претпријатија и сите други правни лица што располагаат со државен капитал, се должни најдоцна до 25 септември до полноќ до Државната комисија за спречување на корупција да ги достават податоците за бројот, видот, регистарската таблица и возната состојба на моторните возила со кои располагаат.
Потоа ДКСК на својата веб страница треба да го објави Регистарот на службени моторни возила на јавните фондови, јавните претпријатија и сите други правни лица што располагаат со државен капитал. Доколку правните лица не достават податоци за бројот, видот, регистарската таблица и возната состојба на моторните возила со кои располагаат во предвидениот рок, ДКСК покренува прекршочна постапка во рок од 15 дена од истек на рокот за доставување на податоците.
Локалните избори, кои треба да се одржат во октимври се 7-ми од независноста на државата.
Б.Т.