Пред да ја прогласиме незавиноста, бев на седница на републиките во Белград, каде Милошевиќ ми пријде и ми рече: Стојане, те молам, во Македонија претседател на Влада да не биде Петар Гошев. Јас му кажав дека не одлучувам за тоа, бидејќи имавме само 18 пратеници и не гледам право зошто да ми кажува кој ќе биде премиер на Македонија, изјави првиот претседател на Собранието, Стојан Андов на трибината: Патот до независноста.
Тој информира дека Фрањо Туѓман тогаш побарал од него да направат коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Албанците, со цел Сојузот на комунисти да биде исфрлен од власта.
-Му реков дека ВМРО не сака да чуе за соработка со Албанците и дека не можеме да размислуваме во тој правец. Потоа заврши седницата, јас се вратив во скопје и на 25-ти јануари едвај успеавме да донесеме Декларација за сувереност на Македонија. Тоа беше прв акт за прогласување на незавиноста, изјави Андов на трибината.