1,3K
Вакцинацијата е неминовна и неизбежна за да создадеме колективен имунитет, вели д-р Методи Чепреганов во емисијата „24 анализа“.
Тој има порака за тие што се против вакцините, а тоа е: „Туберкулоза веќе нема, пертусис веќе нема, варијола веќе нема, варичела веќе нема итн, затоа што сите се вакцинираат, како и децата. Науката го покажа тоа“.
Чепреганов посочува дека менталниот склоп е главниот водител на антиваксерите, а таквите заговори отсекогаш ги имало.
-Има вакцинирано над милијарди луѓе и ако се продолжи со овој интензитет, за 6 месеци светот ќе биде со 70% колективен имунитет, заклучува невропсихијатарот.