Почина доктор Методи Чепреганов

од Vladimir Zorba

Доктор Методи Чепреганов почина денеска на 86-годишна возраст, соопштија од „Неуромедика“.

„Со огромна жалост би сакале да Ве известиме дека денес по кратко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф.Др.Методи Чепреганов. Директорот,менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работата како дел од тимот на болницата, во која работеше повеќе од 20 години. Вечна му слава!“, соопштија оттаму.

Од 1969 год. Чепреганов е дел од Клиника за нервни и душевни болести при Медицински факултет – Скопје. Повеќе од 25 години учествувал во наставата како професор одржувајќи предавања од областа на: Неврологијата и психијатрија со медицинска психологија на студентите на Медицинскиот факултет – Скопје а од 2006 год. работи во Болницата Неуромедика.

Објавил над 260 научни трудови и 130 монографии од областа на Неврологијата и епилептологијата меѓу кои издвојуваме: Imagerie des épilepsies, Paris 1996; Neuro-imagerie diagnostique-Epilepsies Paris, 2006; Neuro-imagerie diagnostique-Еpilepsies Paris, 2007; Neuro-imagerie diagnostique-Epilepsies Paris, 2012. Учествувал на бројни европски и конгреси.

Член е на Европската асоцијација за клиничка неврофизиологија и епилептологија за земјите од Француско говорно подрачје; Невролошка асоцијација на Франција.

Награден е со орден Palmes Academiques од страна на Првиот министер на Франција во името на Министерството за наука.

Слични содржини