158
Најмалку 62 деца загинале во два кампа за раселени лица во североисточна Сирија од почетокот на 2021 година, објави денеска невладината организација Спасете ги децата (Save the Children).
Оттаму ја истакнаа итната потреба за репатријација на странски деца од кампови.
Во новиот извештај насловен „Кога ќе почнам да живеам“, НВО повикува на неодржливите услови за живот во логорите Ал-Хол и Роџ, контролирани од Курдите.
Во камповите се сместени десетици илјади раселени лица, меѓу кои околу 40.000 деца и семејства на странски џихадисти од групата „Исламска држава“.
Во Ал-Хол, само 40 проценти од децата имаат пристап до образование, додека во кампот Роџ, 55 проценти од домаќинствата тврдат дека знаат дека работат деца под 11-годишна возраст.