Соединетите држави започнуваат да даваат трета доза на вакцината „Фајзер“ кај луѓе постари од 65 години.
Уште во август, претседателот Џо Бајден објави дека ќе побара дозвола за „бустер“ доза за лица постари од 16 години.
Одлуката за администрирање на третата доза беше одобрена од Администрацијата за храна и лекови на Соединетите држави.
Вакцината, исто така, може да се даде на некои високоризични пациенти.
Веројатно денеска одлуката ќе ја изгласа одборот на Центрите за контрола и превенција.
Третата доза ќе се дава најмалку шест месеци по втората.