Професорот и екс пратеник Мерсел Биљали вели дека за нас ЕУ е само далечен сон, и дека не верува дека некоја од земјите на Западен Балкан ќе влезе во ЕУ во следните 15-20 години.
„Ги решававме проблемите со Бугарите, ги решавме Грција. Збороците дека од противниците направивме поддржувачи, паднаа во вода. Но чудно е што Бугарите одеднаш направија еден виден пресврт во негативна смисла, поставија вето во однос на нашиот процес. Јас не сум сигурен дека е тоа е чисто бугарска одлука, мислам дека некој им шепотел на уво. Јас мислам дека Франција има подолго време друг принцип кон Западен Балкан, кажа Биљали во „Клик Плус“.
Не верувам на блиско зачленување на земјите од Западен Балкан во ЕУ.
Да не беше Груевски да ја провоцираше Грција во 2006 година со таа патриатско реторика, најверојатно Македонија ќе беше членка на ЕУ во 2010 година. Ние патувавме заедно со Хрватска, дури и пред Хрватска бевме. Во однос на ЕУ, експресно се возеше по колосекот ис е очекуваше 2010 да стане членка на ЕУ, оти преговори добивме, оти статус на кандидат добивме 2005. Што стана сега? Црна гора преговара 12 години. Србите преговараат околу 8 години, и сите стагнираат“, рече Биљали.