Мицскоки ќе достави ново барање за анкетна со „Северна“: Вистината за пожарот мора да се дознае

од Берта Китинска

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоки вели дека ќе поднесе ново барање, со употреба на придавката „Северна”, и дека вистината за пожарот во Тетово мора да се дознае.

-Комисијата требаше да биде формирана пред два дена. Но, еве, јас нека бидам тој што ќе претрпи политичка штета. Што сега, форма ќе бараме? Зошто не сме ја користеле новата придавка? Еве, ќе поднесеме ново барање, ние нека ја трпиме таа политичка штета, јас лично, само нека се открие вистината за 14-те загубени животи и да има одговорност. Ова се локални, а не парламентарни избори. Нема законска необврска да се закаже комисијата. Сосема друго е тоа што спикерот Џафери рече дека веќе нема да закажува седници. Тоа значи дека тој така одлучил, а така одлучил зашто мисли дека на тој начин ќе заштити дел од рејтингот на неговата партија и коалицискиот партнер, кажа Мицкоски.

Слични содржини