Продолжува агонијата на Меси, прескокнува уште еден натпревар

од Nikola Popovski
324 прегледи

Лионел Меси ќе го пропушти претстојниот натпревар против Монпелје во францускиот шампионат поради повреда на левото колено, објави клубот.

ПСЖ истакна дека Аргентинецот продолжува со опоравувањето и дека нова проценка за неговата состојба ќе биде направена в недела, два дена пред натпреварот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Меси го пропушти претходниот натпревар против Мец поради повреда.

Освен Меси, тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, нема да може да смета на Марко Верати и Серхио Рамос за дуелот против Монпелје.

По седум одиграни натпревари во Лига 1, ПСЖ е прв на табелата со 21 бод, односно има седум бода повеќе од Марсеј, кој има еден натпревар помалку.

Натпреварот ПСЖ – Монпелје се игра утре со почеток во 21.00 часот.

Слични содржини