152 сообраќајни прекршоци во Скопје, 63 за брзо возење

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, девет за возење под дејство на алкохол, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се три мерки за неносење сигурносен појас, седум за возач почетник, осум за користење мобилен телефон, 21 за непрописно паркирање.