Диета практикувана од познати личности може да го намали ризикот од некои болести, тврдат лекари

од Vladimir Zorba
416 прегледи

Лекари од Калифорнија веруваат дека диетата што ја практикуваат се повеќе познати личности може да помогне во спречување на срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Џенифер Анистон и Бенедикт Камбербач се едни од познатите фаци кои повремено постат за да изгубат вишок килограми.

Се работи за одржување на сите навики и преференции во исхраната, но избегнување на јадење надвор од периодот кога е дозволено. Најпопуларната форма е 16: 8, во која се пости 16 часа дневно, а јаде осум.

Друг режим, кој е доста распространет, е нормалната исхрана пет дена и пост следните два.

Претпоставки на истражувањето

Истражувачите од Калифорнија велат дека оваа диета е подобра и поедноставна отколку само броење калории.

„Луѓето кои се обидуваат да ослабат и се стремат да живеат поздраво треба да обрнат внимание и кога јадат и што јадат. Ако јадењето е ограничено на одреден опсег на часови дневно, резултатите ќе бидат таму без премногу размислување за бројот на калории и фрустрациите што може да ги произведе таков систем. Повремениот пост, исто така, може да го подобри спиењето и целокупниот квалитет на животот, како и да го намали ризикот од дебелина, дијабетес и срцеви заболувања“, вели професорот Понда, шеф на истражувањето.

Истражувачите веруваат дека јадењето без вакви ограничувања ја нарушува синхронизацијата на нашето варење, што не доведува во ситуација на поголема изложеност на болести.

„Повремениот пост е начин на живот што секој може да го прифати“, смета професорот Понда.

Познат по добрите искуства

Една од славните личности која се колне во повремениот пост, Џенифер Анистон, рече дека не јаде појадок и пие само течности наутро, и јаде нешто непосредно пред крајот на денот. Бенедикт Камбербач рече дека претпочита систем 5: 2, во кој јаде 5 дена и пости 2 дена. Оваа диета ја користел за слабеење за улогата на Шерлок Холмс.

Сепак, научната и медицинската заедница се уште се поделени околу тоа колку повремено постот всушност придонесува за губење на тежината, бидејќи различни студии даваат различни резултати, затоа се потребни дополнителни анализи од различни агли.

Слични содржини