13 лица починаа од Ковид-19, најмладиот на 37-годишна возраст

од Nikola Popovski
330 прегледи

Според последните бројки објавени од здравствените власти, во земјава се регистрирани нови 12 смртни случаи.

Билансот по градови изнесува: 7 починати лица од Скопје (78г, 78г, 76г, 76г, 72г, 67г и 66г) и по едно починато лице од Куманово (66г), Струмица (72г), Штип (62г), Дебар (37г) и Велес (84г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е уште едно лице, со датум на смрт 25.09.2021 година. Починатото лице е од Крива Паланка, на возраст од 77 години, починат во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.999 бројката на оздравени пациенти е 171.375, на починати е 6.607, а бројот на активни случаи изнесува 12.017.

Слични содржини