Арсовска е иста како Груевски, бега од новинарски прашања, велат од СДСМ

од Nikola Popovski
204 прегледи

И Арсовска исто како Груевски бега од новинарски прашања или не дозволува да и бидат поставени, бега од соочување со јавноста и користи иста реторика како онаа од Белиот дворец, велат преку соопштение од владеачката СДСМ.

Според нив, со таков однос Арсовска не може да понуди ништо добро за Скопје, ВМРО-ДПМНЕ партијата чиј кандидат е 27 години го уништуваше Град Скопје и граѓаните нема да им дозволат тоа веќе да се повтори.

-Арсовска е избрана само за да го понесе поразот во Скопје. Мицкоски не може да побегне од казната што скопјани ќе му ја испорачаат без разлика колку упорно се обидува да ги прелаже со стари истрошени трикови, додаваат од СДСМ.

Слични содржини