Анкетната комисија не може да разгледа прашања коишто се во надлежност на истражните и судските органи, вели собранискиот спикер Талат Џафери кој вели дека предлогот за формирање Анкетна комисија за пожарот во модуларната болница во Тетово е преуранет
-Вообичаено и претходните анкетни комисии како што беа за гостиварските настани и за Сопот се формирани постфестум. Според Деловникот, Собранието нема судски и истражни надлежности. Истрагата трае и кога ќе има заклучок од надлежните институции, тогаш може да се вклучи Собранието преку Анкетна комисија за да ги потврди или да ги отфрли наодите на овие органи, изјави Џафери по денешната средба со медиумите.
По пожарот во модуларната болница во Тетово, опозицијата поднесе барање до Собранието за формирање на Анкетна комисија, но тоа беше вратено со образложение дека е неуредно бидејќи не било испратено со уставното име на државата.